Search

Бочварски: Оваа Влада се избори Коридорот 8 да стане главен коридор на ЕУ, во 2013 тоа било одбиено

„Минатата година на неколку средби со еврокоменсарката за транспорт, заедно со претставниците од Бугарија и Албанија баравме Коридорот 8 да биде вметнат на мапата на главни коридори на ЕУ” изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема” на Телма.

Тој додаде дека овој коридор, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море и поминува низ земјава не беше комплетно ставен на мапата на главни коридори, туку беше спореден.

„Тоа барање било испратени и во 2013 година од македонската Влада, но тогаш не било прифатено. Денес е прифатено поради тоа што и во нашата презентација, но и од страна на Бугарија и останатите држави каде што поминува истакнавме дека работиме на доизградба на коридорот” рече Бочварски.

Министерот додаде дека е важна одлуката овој коридот што е помеѓу главните коридори, но сега останува на  нас да работиме на доизградба и час поскоро да го завршиме овој проект.

Треба да знаете
Последни објави