Search

Шампионот на Италија – Наполи подобар од финалистот во ЛШ – Интер

Новиот италијански фудбалски првак Наполи го победи финалистото во Лигата на шампионите Интер (3:1) во дербито на 36. коло од Серија А, што се одигра на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Гостите од 41.минута играа со фудбалер помалку откако беше исклучен Роберто Галјардини поради два жолти картони.

Андре Замбо Ангиса донесе водство за Наполи во 67.минута, а израмни Ромелу Лукаку во 82.минута.

Сепак, „наполитанците“ во финишот успеаја да стигнат до победа. Џовани Ди Лоренцо во 85.минута постигна втор погодок за Наполи, а триумфот го завери Џанлука Гаетано во судиското продолжение. За тимот на Наполи настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас до 69 минута.

Треба да знаете
Последни објави