Search

Реал покажа дека се мајстори за пресврт по кој го кренаа шампионскиот пехар во Евролигата

Реал Мадрид е новиот шампион во кошаркарската Евролига. „Кралевите“ во финалето на завршниот турнир во Каунас го совладаа грчкиот Олимпиакос 79:78. За шпанскиот клуб ова е 11 титула шампион на Европа, а грчката екипа останува на три.

И во натпреаврот за шампионскиот трофеј Реал докажаа дека се мајстори за пресврт. Најпрво во четвртфиналето го елиминира Партизан иако ги загуби првите два натпреаври во Мадрид, па во наредните три беше на работо на амбисот, но се враќаше и победуваше, па по истиот рецепт му ја скрои капата и на Олимпиакос, со пресврт во самиот финиш.

Серхио Љуљ беше херојот со шутот за победа на три секунди до крајот. Ова беше единствениот погоден шут на Љуљ во ова големо финале, секако во најважен можен момент за неговиот тим. Олимпијакос има за што да жали бидејќи во долги периоди го контролираше резултатот, „црвено-белите“, но на крајот сепак мораа со наведнати глави да го напуштат теренот.

Во натпреварот за 3. место Монако ја совладаа Барселона со 78:66.

Треба да знаете
Последни објави