Search

Анчелоти: Сега сме во 2023 година, не смее да постои расизам

Во натпревар без резултаско значење за Реал Мадрид, но не и за Валенсија која е во трката за опстанок во шпанската фудбалска Ла Лига, „кралевите“ беа поразени на „Местаља“ (1:0). Овој натпревар нема да биде тема на дискусија во наредните деновиви поради случувањата на теренот, туку по неспортските испади на домашните навивачи од трибините кои со расистички испади го испровоцираа Винициус Жуниор, кој на крајот заработи црвен картон.

Трофејниот стратег на клупата кај Реал Мадрид, Карло Анчелоти прв проговори за овие неспортски испади по натпреаврот. Анчелоти по натпреварот беше многу разочаран и испрати сериозни критики.

-Не сакам да зборувам за фудбал поради тоа што се случи. Ова е многу повеќе од фудбалски пораз. Тоа што се случуваше, не смее да се случува. Целиот стадион му викаше мајмун на фудбалер… Нешто е погрешно во оваа лига. Вини не сакаше да продолжи, но го убедив да остане во игра. Потоа доби црвен картон. Тоа што се случи денес не е прват, се случувало, но не вака. Ова е неприфатливо, шпанската лига има проблем. Сега сме 2023 година, не смее да постои расизам. Му кажав на судијата да го прекине натпреварот, дека тоа е единствен начин да се бориме со овој проблем“, изјави Анчелоти.

Треба да знаете
Последни објави