Search

Пронајдени остатоците од авионот кој се урна во Хрватска, потрагата по исчезнатите продолжува

Спортскиот авион „Cirrus 20“ PHYMC, со холандски регистрациски марки, кој бил на лет од Марибор до Пула, исчезнал од радарот кај Огулин.

Протоколот за падот на авионот е започнат, а по голема потрага, во 19 часот и 25 минути е соопштено дека во реонот на градот Мали Маковник се пронајдени мали остатоци од авионот, пренесува dnevnik.hr.

Шефот на потрагата Јосо Живковиќ не можеше да потврди дали покрај пронајдените делови од авионот се пронајдени и жртвите, бидејќи истрагата допрва започнува и засега е обезбедено само подрачјето на местото на несреќата. На местото на настанот се очекува да пристигне иследник за воздухопловна несреќа, изјави Живковиќ за Хина.

Над 150 лица учествуваат во потрагата- на терен се припадници на Хрватската планинска спасувачка служба, вработени во Дирекцијата за цивилна заштита, припадници на Државната интервентна единица за цивилна заштита, пожарникари и интервентна полиција, освен дронови, и хеликоптер Блек Хоук на Министерството за одбрана го надлетува теренот.

Засега не е познато колку патници имало во авионот, а дел од хрватските медиуми повикувајќи се на неофицијални извештаи јавуваат за три лица.

Треба да знаете
Последни објави