Нови протести во Србија против насилството: „Ќе ја блокираме Србија за да си замине Вучиќ“

Нови протести во Србија. Под слоганот „Србија против насилството“, граѓаните во Белград по трет пат излегоа на улиците на покана на опозицијата, поради незадоволството од реакцијата на власта по двете масовни убиства во кои загинаа 18 луѓе, а 21 беа повредени.

Собирот започна пред Собранието на Србија, каде вчера почна расправа за безбедносната состојба во земјата и околностите кои довеле до двете злосторства. Седница на Собранието на која ќе се расправа за безбедноста беше едно од барањата на протестот.

Се бара и оставка на министерката за полиција, Братислава Гашиќ и директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин.

Тие бараат и замена на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на таблоидите кои пропагираат насилство и го прекршуваат кодексот и одземање на националните фреквенции од телевизиите Пинк и Хепи.

Треба да знаете
Последни објави