(Видео) Жена во Турција се изнервира кога слушна за кого ќе гласа нејзиниот сопруг и го удри

Поради изборите во Турција, се распаѓаат бракови, се дел од коментарите на „Твитер“.

На социјалните мрежи бргу се шири видео од анкета во која новинарот во еден момент прашува брачен пар за кого ќе гласаат на претстојните избори.

Сопругот на прашањето одговара: „За Ердоган, секако!“, а потоа изнервирана сопругата го удира по грбот и вели: „За Киличдароглу, секако!“

Во меѓувреме, повеќе од 1,5 милион луѓе го гледаа видеото на социјалните мрежи.

„Развод! Поради ова ќе настане хаос во куќата…“, напишал еден од гледачите.

Треба да знаете
Последни објави