Нова драма во Србија: Тринаесетгодишник со секира и нож го бодел и удирал другарот и неговата мајка

Малолетник (13) со нож го нападнал и тешко го повредил неговиот пријател М.С.(17) , а со секира ја нападнал и неговата мајка В.С.(57), ноќеска во селото Радојево во Србија.

Нападот се случил синоќа околу три часот, тешко повредената жена и нејзиниот син се пренесени во болница и лекарите се борат за нивниот живот!

-Тој малолетник пред два дена беше со нив, се дружеа и тоа се случи!? Никој не знае што го опседнало да направи вакво нешто, иако никој во селото нема добро мислење за него. Во селото велат дека има над 20 пријави во полиција, но тој е уште дете и не одговара… – изјави за Информер еден од соседите на повредената жена и нејзиниот син.

Според него, за да биде злото уште полошо, тешко повредената жена претходно била оперирана од рак и била болна.

Страшниот напад се случил синоќа околу 01:20 часот во дворот на семејната куќа на жртвите. Наводно, малолетниот по расправија зел секира и нож и го избодел М.С. по стомак, а со секира во главата ја удрил неговата мајка В.С., која му пришла на помош.

-По приведувањето малолетниот осомничен целосно се „изгубил“. На прашањето на полицајците зошто ги нападнал другарот и мајка му, момчето само одмавнало со главата – вели добро информиран извор за медиумите.

Според соседите, на седумнаесетгодишното момче му била отстранета слезината, а му биле оштетени црниот дроб и белите дробови.
Инаку, по нападот М.С. целиот крвав, истрчал по улицата и паднал пред куќата на соседот, јавуваат медиумите.

-Го пронајдоа соседи кои се многу добри со него. Седеле во дворот кога слушнале како некој вика на улица. Кога излегле го нашле – вели мештанката.

Според неофицијални информации, таткото на малолетното момче К.Л.(31) е приведен за кривично дело запуштање и злоставување на малолетно дете.

Кривична пријава во редовната постапка ќе биде поднесена и против Н.Т.(32), мајка на малолетно момче за истотото кривично дело.

Треба да знаете
Последни објави