Вучиќ: Нема да има нов Мајдан во Белград-ниту ќе се случи, ниту е можно

„Нов Мајдан во Белград нема, ниту ќе се случи ниту е можно“! Ова е пораката што денеска ја испрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при изложувањето на нерегистрирано оружје, муниција и минско-експлозивни направи, кои граѓаните ги предале во полициските станици од 8 мај.

-Зборувате за поделби. Не кажав ни збор. Кажавте брутални и бесмислени лаги за Денот на жалоста. Зошто оваа болест и омраза. Во Белград нема да има Мајдан, рече Вучиќ и посочи дека секогаш ќе се труди да ги обединува луѓето.

-Ги повикувам сите да дојдат на 26-ти, бидејќи на сите им се обраќам. Се занимаваме со конкретна работа за сите луѓе. Тоа е наша работа и мојот повик е до сите, остануваат уште 12 дена до тој голем собир. Ќе покажам како мислам дека треба да изгледа Србија во следните пет, 10 години, додаде Вучиќ.

Да потсетиме, Украинката Ирина Сјеиданова, која се претставува како новинарка, адвокатка и блогерка, а е активна на Твитер каде што најчесто објавува на лош српски јазик, ги повика граѓаните на Србија насилно да ја соборат власта, како што Украинците направија на Мајдан.

-Ако навистина сакате да ја отстраните вашата влада, која не ви одговара, знаете што мора да се направи. Да, ќе има смртни случаи, можеби и повеќе од стотина, како во Киев во 2014 година. НО СЛОБОДАТА НИКОГАШ НЕ Е СЛОБОДНА. Среќно на сите кои сакаат промени за убавата Србија – напиша таа на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави