Search

Банкрот или не – Скопје е веќе нефункционален град

Голема прашина во јавноста крена информацијата дека поради милионски долг, сметката на Град Скопје е блокирана и се поизвесно станува дека наскоро главниот град на државата може и да банкротира.

Градоначалничката Данела Арсовска откако направи селективен брифинг за новинари, сега се крие зад својот кабинет од каде излегуваат штури деманти, полни со политички пораки, што во јавноста се толкува како сигнал дека ситуацијата во Град Скопје е најблаго речено драматично лоша.

Речиси и да нема месец кога Арсовска и Град Скопје не се појавуваат во негативен контекст во јавноста, било тоа да е колапсот на јавниот превоз, некој минорен проект што трае со месеци, кавги за тендери или пак пречестите смени на директорски позиции во јавните претпријатија каде неретко имаше и штрајкови.

И додека сите се загрижени за проблемите во Градот, Арсовска продолжува да биде отсустна, да не комуницира со медиумите, да не се среќава со граѓани, а на терен да оди исклучиво инкогнито, на посети договорени од нејзиниот кабинет, оддавајќи впечаток дека целосно кренала раце од своите работни задачи.

На Арсовска во прилог не и оди ниту скоро објавениот податок дека наплатата на данок на имот во Градот е само 25 отсто што само по себе е поразителен факт.

И додека скопјани мака мачат да стигнат некаде со автобус, додека голтаат прашина во Момин Поток, додека со мака ја гледаат руинирана Универзална сала или додека нервозно чекаат на крстосниците кон Аеродром, затоа што доцнат изградбите на мостот АСНОМ и Есенинова, заклучокот доаѓа сам од себе: Банкрот или не, Скопје веќе е целосно нефункционален град.

Треба да знаете
Последни објави