Search

За првпат во историјата – Град Скопје оди кон банкрот?

Поради присилна наплата на долг Град Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот, објави денеска порталот „Сакам да кажам“ повикувајќи се на свои извори во Градот.

Станува збор за долг направен пред десетина години, за кој тужбата пред скоро време станала правосилна, по што започнала присилна наплата.

На тој начин блокирана е буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија, што значи дека Град Скопје е речиси пред банкрот.

Меѓу другите информации што се пласираат во јавноста е и онаа дека на сметката на Градот, има едвај стотина илјади евра, пари недоволни ниту да се исплатат платите и надоместоците за времени вработувања.

Градот Скопје за првпат се соочува со ваква ситуација, да биде со блокирана сметка и без доволно средства за функционирање, што предизвикува чудење и неверување во јавноста, затоа што се работи за најголемата единица на локалната самоуправа, со годишен Буџет кој е поголем и од одредени министерства.

Треба да знаете
Последни објави