Уапсен таткото на убиецот од Младеновац

Полицијата го уапси Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, убиец од околината на Младеновац. Нему му е одреден притвор од 48 часа, јавуваат српските медиуми.

Обвинителството наскоро ќе излезе со информација за кое кривично дело е осомничен таткото на убиецот од Младеновац.

Тој пред неколку дена во крвав напад уби осум жители од три села во околината на Младеновац.

Таткото, според написите е поранешен припадник на војската на Србија.

Медиумите претходно тврдеа дека тој починал од срцев удар.

Треба да знаете
Последни објави