Search

Престрелка со „калашникови“ во Визбегово, има ранети

Дополнета верзија на веста

Едно лице е рането во престрелка која се случила поладнево во Визбегово, дознава 24Инфо.
Според неофицијални информации, ранетиот е пренесен во болница.

Инаку, станува збор за Арменд Б. од Скопје.

Дознаваме дека е пронајден и автомобил „сеат“ во кој имало „калашников“, за кој се претпоставува дека е оружјето од кое е пукано во жртвата. Не е познто дали повредениот возвратил на нападот и дали има и други повредени.

Од МВР го потврдија инцидентот.

-На 09.05.2023 во 17,20 часот во СВР Скопје А.Б. пријавил дека во Визбегово кон него пукал И.А. и го повредил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, рекоа од МВР за „24Инфо“.

Треба да знаете
Последни објави