Search

Работна средба на министерката Петровска и директорка за нуклеарна политика на НАТО Џесика Кокс

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Скопје се сретна со директорката на Директоратот за нуклеарната политика на НАТО, Џесика Кокс која е во дводневна посета на Северна Македонија.

За време на посетата ќе се реализираат средби во Министерството за одбрана и со највисокото државно раководство, а на кои ќе се разговара околу политиките на НАТО за нуклеарно одвраќање.

На денешната средба со директорката Кокс, министерката Петровска се заблагодари за континуираната поддршка при учеството на Северна Македонија во тековните консултации на Алијансата и потенцираше дека на средбите ќе бидат разгледани теми меѓу кои и преглед на НАТО мисијата на нуклеарното одвраќање. Северна Македонија е полноправна членка на Алијансата и учествува во сите тековни процеси и активности на НАТО.

Претходно директорката  Кокс, на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј” учествуваше на академски и тинк-тенк дијалог заедно со професори и студенти од Филозофскиот факултет и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”. 

Треба да знаете
Последни објави