Search

Подобрена здравствената состојба на Берлускони, потврдија лекарите

Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој пред три недели беше примен во болница поради инфекција на белите дробови предизвикана од хронична леукемија, е подобрена, соопштија денеска неговите лекари.

„Во текот на изминатите четири дена, реагирањето на третманот овозможи да се постигне стабилна клиничка состојба која се карактеризира со оптимално и убедливо обновување на функциите на органите“, се вели во медицинскиот билтен.

На 5 април 86-годишниот Берлускони беше примен во болница поради воспаление на белите дробови, а при хоспитализацијата лекарите открија дека боледува од хронична леукемија.

Треба да знаете
Последни објави