Search

Битиќи: Веќе не субвенционираме козари без кози и лозари без лозје, парите одат кај вистинските земјоделци

Одлуките за замрзнување на цените се почитуваат во маркетите, но за жал она што можеме да го видиме на зелените пазари е нарушување на одредбата за замрзнување на цени и тоа се случува од поединци, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во ТВ21.

-Таму каде што инспекторите можат да стигнат, соодветно се казнети оние што не се придржуваат. Замрзнувањето на цени не е мерка којашто по која секој треба да посегне, особено кога се водиме од правилата на пазарна економија, но е нужна кога имате нарушени пазарни релации во една држава. Кај нас очигледно сите сакаме да работиме по правила, но самите да ги одредуваме правилата, рече Битиќи.

Прашан пак за моделот на субвенционирање во земјоделството тој кажа дека од измените на моделот вистинските резултати ќе се видат за две до три години.

-Во 2023 година влеговме со реформи во субвенционирање на земјоделието, но секој еден модел не може да ги даде ефектите за една година, рече Битиќи.

Тој додаде дека моделот воведен пред 13 години сега ги дава последиците.

-Се откажавме од козари коишто немаат кози. Но, исто така се извинувам што повеќе нема да субвенционираме лозари што немаат лозје. Сега парите ги насочуваме кон вистинските земјоделци и имаме енормен пораст на земјоделски површини засадени со најразлични производи, кажа вицепремиерот.

Треба да знаете
Последни објави