Search

Формирана е работната група за реформи во изборното законодавство

Министерството за правда соопшти дека е формирана работната група за реформи во изборното законодавство која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР а паралелно ќе работи и на нов Изборен законик.

Овој процес, како што истакнуваат од оваа институција, е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес.

Претседател на работната група ќе биде Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.

Треба да знаете
Последни објави