Search

Почна судењето против Османи, адвокатот на тужителите бара 10.000 евра за клевета

Во Граѓанскиот суд во Скопје започна судењето против министерот за надворешни Бујар Османи по тужбата за клевета и навреда која во јануари ја поднесе претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов и граѓанската организација. Тужбата е за изјава дадена во октомври за бугарската БТВ во која Османи изјави дека треба да се провери кој стои зад отворањето на македонскиот клуб„Никола Вапцаров“ во Благоевград и да се види дали навистина има добронамерност или е дел од туѓа агенда.

Османи негира дека ги навредил. Тоа ќе го објаснува на 29 мај, кога ќе дојде на распит во Граѓанскиот суд. Неговото присуство денеска не беше задолжително.

На рочиштето се појавија тужителот и одбраната. Тужителот, односно правниот застапник на Македонското меѓународно движење за човекови права, адвокатот, Трајче Торов во судот рече дека Османи за да може да коментира како сите останатити граѓани во државата потребно е да си поднесе оставка и побара отштета од 10.000 евра.

Адвокатот на Османи, Љупчо Илиев, рече дека тужбеното барање треба да биде одбиено како неосновано, и дека од содржината на тужбата не може да се прифати дека обвинетиот е виновен за она за кое што се товари.

Треба да знаете
Последни објави