Search

Грковска: Дигиталната трансформација на општеството неминовно ќе доведе до промена на културата на живеење

Процесот на дигитална трансформација на општеството, овој процес на усвојување на модели и политики, коишто ќе не приближат со Европска унија во процесот на преговори, дека неминовно ќе доведе до промена на културата на живеење. И на културата на живеење и на културата на работење. Тоа нема да биде лесно, не е тоа процес којшто може да се случи преку ноќ, меѓутоа тоа е процес што ги заслужува сите напори, затоа што, едноставно, ќе ни обезбеди подобро општество.

Ова го вели заменик – претседателот на Владата на Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за ИМА.

Вели дека можеме да направиме идеални документи,меѓутоа, главната реформа треба да ја направиме во нас самите.

-Начинот на којшто пристапуваме со работата, во работењето, како се однесуваме – на крајот се сведува на интегритетот што секој од нас го има како вредносен систем при извршувањето на обврските. Можеме да направиме идеални документи, така, да усвоиме стратегии, законски решенија, сè… Меѓутоа, ако нашиот однос е сосема спротивен на тоа и не се однесуваме професионално и одговорно на нашето работно место, ние реформа нема да направиме никогаш, без разлика на одлични законски решенија и на стратешки планови, децидна е вицепремиерката.

Треба да знаете
Последни објави