Фудбалерите на Астон Вила продолжуваат со извонредните настапи по доаѓањето на Унаи Емери.
Екипата од Бирмингем денеска во 31. коло од Премиер лигата на домашен терен го совлада Њукасл со 3:0 и дојде на шестата позиција со шест бода помалку, но и натпревар повеќе од денешниот ривал кој е третопласиран.
„Џуџињата“ играат одлично, на осум натпревари немаат пораз во Премиер лигата, а денеска ја забележаа петтата победа во низа во ова натпреварување. Последниот пораз Вила го доживеа на 18 февруари од Арсенал кога беше 4:2.
Од друга страна, Њукасл, кој ја има најдобрата одбрана во лигата со 24 примени гола, денеска ја прекина серијата од пет последователни победи во Премиер лигата.
Клубот од Бирмингем поведе со 1-0 со погодокот на Ремзи уште во 11. минута од натпреварот. Откако со овој резултат се замина на полувреме погодоко за 2-0 беше дело на Воткинс во 64. минута. Три минути порано истиот фудбалер постигна гол, но тој му беше поништен поради офсајд. Конечните 3-0 ги постави токму Воткинс во 84. минута.