Феенорд ја икористи предноста на домашниот терен против Рома 

Феенорд на преполниот „Де кујп“ стигна до минимална победа (1:0) против Рома во првиот меч од четврт-финалето на Лига Европа, делумно одмаздувајќи се за болниот пораз во минатогодишното финале во Конфренциската лига од тимот на Жозе Мурињо.

Мечот не започна најдобро за Рома, откако по дваесетина минути игра, Пауло Дибала побара да биде изваден од игра поради очигледна повреда, но во 43. минута имаа совршена можност да дојдат во водство откако беше досуден пенал, но Лоренцо Пелегрини ја погоди стативата.

Во првиот четвртфинален меч од Конфернециската лига Гент и Вест хем ремизираа (1:1).

Треба да знаете
Последни објави