Пелистер во пресметката со Алкалоид не дозволи изненадување

Пелистер ја преживеа Автокоманда, каде му гостуваше на дебитантот во суперлигашката ракометна конкуренција Алкалоид и со овој триумф (28:27) ќе има можност на крајот да ја прекине доминацијата на актуелниот првак Вардар, кој на истиот терен пред три недели неочекувано беше поразен. Сега Вардар и Пелистер се ко-лидери со по 27 бода, па за титулата најверојатно ќе решава нивната меѓусебна пресметка во Битола.

Целиот меч беше изедначен и долго време екипите се менуваа во водството, без некој да поведе со повеќе од плус два. Фаворитот од Битола сепак на пауза замина со минимална предност 16:15.

Неизвесноста продолжи и во второто полувреме. Мечот влезе во неизвесна завршница иако Пелистер ја искористи кризата на Алкалоид и стекна предност од тр гола во 50 минута, но и тоа не му беше доволно за мирна завршница. Алкалоид се врати во игра, израмни, но на крајот не го избегна и поразот. Хененберг на пет секунди до крајот го постигна победносниот гол, а за Алкаколид остана малку време да возврати, Хененберг го заврши мечот со шест гола, колку што постигнаа и Васиљев и Хосни, додека кај Алкалоид по пет постригтнаа Митев и Симоновски. квеш.
 

СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-ОФ, 9. КОЛО

Вардар – Охрид 35:19

Пелистер 2 – Бутел 24:25

Алкалоид – Пелистер 27:28

Тиквеш – Пролет 23:23

ТАБЕЛА: 

Вардар 27 бода, Пелистер 27, Алкалоид 21, Тиквеш 11, Бутел 10, Охрид 9, Пелистер 2 7, Пролет 6.

Треба да знаете
Последни објави