Изненадувачки пораз на Ѓоковиќ од Мусети во Монте Карло

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети приреди голема сензација на Мастерсот во Монте Карло, каде во осминафиналето го елиминира првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ (6-4,7-5, 6-4).

Српскиот ас беше голем фаворит, имаше и водство од 1-0 во сетови, но Италијанецот (21. рантгиран на АТП-листата) изненади со својата игра и по речиси три часа игра ја забележа најголемата победа во кариерата.

Музети уште од стартот на натпреварот му зададе многу проблеми на големиот шампион и по серијата брејкови на двете страни успеа да поведе со 1-0 во сетови. Ѓоковиќ мораше експресно да реагира и по голема борба во вториот сет израмни на 1-1. Потоа следуваше прекин поради дожд, а откако актерите се вратија на терен Италијанецот се снајде подобро и му приреди голем шок на Ѓоковиќ.

Мусети  со оваа победа се пласира меѓу најдобрите осум во Монте Карло, а за пласман во полуфиналето ќе се бори против сонародникот Јанико Синер.

Треба да знаете
Последни објави