Search

Приватните превозници никако да провозат, автобусите на ЈСП преполни

Пропадна и третиот обид Данела Арсовска преку јавен повик да ги ангажира приватните автобуски превозници.

И додека градоначалничката молчи и не кажува зошто јавните повици не успеваат, во автобусите на ЈСП веќе со месеци состојбата е во најмала рака кажано неподнослива, особено во периодот на утринскиот и попладневен сообраќаен „шпиц“.

Преполни автобуси уште на почетните станици, гужва на автобуските постојки и нервозни возачи и патници е редовната слика во автобусите на ЈСП кои очигледно не се доволни да ја пополнат празнината што настана откако приватните превозници престанаа да возат.

„Возењето со автобус од и до работа веќе стана неиздржливо. Премногу е гужва, а посебно вторник и петок кога бесплатно се возат и пензионерите па автобусите некогаш и не застануваат на постојката туку подоле затоа што нема место да се качат нови патници“ коментира скопјанка која редовно се вози со линијата број 5.

Друг нејзин сограѓанин вели дека заради постојаното доцнење и гужвите во автобусите, тој морал да го смени и работно време односно да доаѓа на работа половина час порано за да има пристојно возење.

Арсовска се скара со приватните превозници и тие престанаа да возат пред неколку месеци, во меѓувреме таа имаше неуспешни обиди да ги врати на улиците, но и да набави нови автобуси, затоа што советниците не и дозволуваат, решение нема во догледно време, п се чини дека оваа лоша состојба со јавниот скопски превоз ќе потрае уште долго.

Треба да знаете
Последни објави