Вработените во општините во Грција, утрово започнаа 24-часовен штрајк, а меѓу другото бараат и вработување на неопределено време на сите хонорарни работници, јави дописничката на МИА од Атина.
Општините во цела Грција денеска ќе бидат затворени, а вработените, организирани од нивниот Синдикат, закажаа и протест во центарот на Атина.
Меѓу нивните барања до Владата и надлежното Министерство за внатрешни работи се и укинување на дисциплинските постапки против општинските совети кои одлучиле да не постапуваат против вработените; дополнителни вработувања; зајакнување на службите на локалната самоуправа со постојани вработувања итн.