Градоначалникот на Балтимор Брендон Скот ќе побара летен полициски час за деца под 17 години.
Две момчиња, на возраст од 14 и 16, се ранети додека полицијата се обидела да раздвои две големи групи од повеќе од 200 тинејџери кои се собрале во областа Интер Сити Харбор околу 21 часот, јавија локалните медиуми.
Едно од застреланите момчиња е во критична состојба, додека другото е стабилно, соопшти телевизијата.
Уапсени се двајца осомничени, соопшти полицијата. И двајцата имале наполнети пиштоли, а се верува дека еден одговара на описот на напаѓачот.
По пукањето, Скот рече дека има намера да воведе полициски час за сите помлади од 14 години, кој ќе започне во 21 часот, додека за оние помлади од 17 години, полицискиот час може да започне во 22 часот во наредните месеци.
– Сакам сите јасно да ме слушнат. Ќе се вратиме на старо. Ќе воведеме полициски час за младите на крајот на пролетта и во текот на летото. Премногу често навечер гледам мали деца надвор од дома. Не се работи не само за тоа дали ќе ги сретнеме на улица, туку да ги чуваме и да се обидеме да сфатиме што се случува со нивните семејства. Не е нормално детето да е далеку од дома и никој да не знае каде е или да не го интересира, рече Скот.