Крајот на НБА сезоната донесе многу возбудувања и тензии, но никој не очекуваше дека ќе кулминира меѓу соиграчите и токму тоа се случи. Имено, на синоќешните натпревари видовме дури две физички пресметки на соиграчите на клупите на нивните екипи.
Центарот на Минесота, Руди Гобер може да биде суспендиран од клубот за плејин натпреварот со Лос Анџелес лејкерс во среда поради конфликт со соиграчот Кајл Андерсон.
Според „ESPN“, раководството на Тимбервулвс размислува дали Гобер ќе биде со тимот во Лос Анџелес за да игра со Лејкерс.
Во вчерашниот натпревар меѓу Минеоста и Њу Орлеанс видовме ситуација каква што подолго време не се памети во НБА лигата. Во центарот на вниманието беше искусниот француски интернационалец, Руди Гобер.
Францускито центар на еден од тајм-аутите влезе во вербален конфликт со Кајл Андерсон, но на момент ги загуби нервите и го турна соиграчот, по што настана вистинска мешаница.
Само поради реакцијата на останатите соиграчи од клупата не дојде до поголем инцидент. Гобер беше отстранет од тимот и предвреме испратен дома, сигурно дека го очекува и дополнителна казна. Натпреварот заврши со победа на Минесота од 113:108 со што ги прескокна „пеликанс“ на табелата.
Новинарите на ESPN открија дека Гоберт бил налутен од реченицата на Андерсон „shut the fuck up, bitch“.
Гоберт подоцна се извини преку Твитер:
– Емоциите ме совладаа. Не требаше да реагирам онака како што реагирав без оглед на тоа што беше кажано. Сакам да им се извинам на навивачите, организацијата, а особено на Кајл, кого вистински го сакам и почитувам како соиграч, напиша Французинот кој во Минесота дојде сезонава од Јута Џез.
Rudy Gobert throws a shot at teammate Kyle Anderson during a timeout. pic.twitter.com/dRzi3ALkoJ
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) April 9, 2023
Нервозно беше и на клупата на Клиперс кои во натпреварот со Феникс бркаа сигурен пласман во разигрувањето и кој го добија. Инцидентот се случи меѓу Мејсон Пламли и Бонс Хајланд кои се расправаа на клупата. Младиот бек во еден момент го оттурна центарот, но тука беше крајот.
– Тоа беше важен натпревар, па имаше голема нервоза. По тој инцидент одигравме подобро – коментираше тренерот на Клиперс, Док Риверс.
Mason Plumlee and Bones Hyland got into it on the Clippers bench. pic.twitter.com/q9OqienLLt
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) April 9, 2023