Search

Изградбата на кружниот тек и клучката кај Момин поток се уште тапка во место (фото+видео)

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во 2021 година ја започна изградбата на кружниот тек кај Момин поток на крстосницата на булеварот Никола Карев и Качанички пат, на кој треба да се надоврзе клучка кај Хубо маркет, односно на улицата Скупи.

Изминуваат две години а се уште нема абер од довршување на овој проект за кој се обезбедени и пари.

На сегашната градоначалничка Данела Арсовска очигледно дека овој проект не и е приоритет, па неговата изградба речиси и да нема крај.

На терен има механизација и работници но се чини дека тоа не е ни блиску од доволно за овој проект конечно да се реализира.

Машините во текот на денот речиси и да не работат и само се паркирани, а неколкуте работници кои се таму не можат да работат поефикасно, затоа што очигледно се премалку.

Десетици илјади граѓани кои секојдневно ја користат оваа делница се револтирани што губат часови од своето време за да ја поминат, но се жалат и на штети на своите автомобили возејќи по раскопани улици.

Истовремено околните куќи и деловни објекти страдаат од огромно количество на прашина што секојдневно се создава на тој потег.

„Ако на Арсовска и требаа шест месеци за реконструкција на булевар од 500 метри, за клучката кај Момин поток сигурно ќе и требаат шест години“ е само еден од коментарите на револтираните граѓани.

Треба да знаете
Последни објави