Search

Универзална сала, мостот на АСНОМ, клучката кај Момин поток, проекти заборавени од Арсовска

По победата на локалните избори во 2021 година, Данела Арсовска го почна мандатот со низа започнати проекти од нејзиниот претходник Петре Шилегов. 

Покрај „малите“ проекти кои најчесто се однесуваа на реконструкции на улици, паркови и паркинзи, Арсовска наследи и големи, капитални проекти. 

Еден од нив е и реконструкцијата на Универзална сала, која е започнат проект за кој има и обезбедено средства од Владата на Република Македонија и кој се уште не е довршен.

За овој проект советничката група на СДСМ поднесе Иницијатива со која бара Владата да го преземе и да го доврши, а тоа не се случи поради тоа што беше одбиена од советниците на седница на Советот на Град Скопје. 

Иако наследи започнат проект со финансиска конструкција исто така финансиран од Владата, Град Скопје под Арсовска се уште ја нема завршено изградбата на клучката кај Момин поток. 

Илјадници граѓани кои секојдневно ја користат оваа сообраќајница веќе една и пол година заглавуваат во метеж, се гушат во прашина, а на изградбата на проектот едвај и да има неколку работници кои се ангажирани. 

Заглавена е и изградбата на мостот на булеварот АСНОМ кој треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба. 

За овој проект Арсовска неколку пати се премислуваше, но на крајот иако е изграден до половина, тој се уште не е довршен. 

Доцни и изградбата на улицата Есенинова која треба да ги поврзе Аеродром и Кисела вода и да го намали метежот кај крстосницата кај Тутунски комбинат. 

Сето ова се проекти кои се започнати за кои има средства да се реализираат, но сепак стојат заглавени. 

Јасно е дека визијата на Арсовска можеби е различна од онаа на Шилегов, но политичките разлики никако не смеат да бидат пречка, она што е започнато и што е во интерес на граѓаните да остане заглавено и недовршено. 

Со тоа, губат сите, а никој ништо не добива.

Треба да знаете
Последни објави