Search

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите

Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје.

Од општина Центар, за „Макфакс“ потврдија дека до нив е стигнато барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на крстосницата на која што претходно беше поставен.

„Макфакс“ испрати и прашања до Град Скопје како произлегла идејата за враќање на споменикот и кои проблеми би се решиле со ваквиот исчекор, од каде очекуваме одговор.

Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов оти се работело за дивоградба.

Ќосето, потоа, беше пренесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави