Search

Хаос во Ферари: Леклер му се налути на Саинц 

Ферари не се прослави на квалификациите пред трката за Големата награда на Австралија, затоа што Шарл Леклер разочара и утре ќе тргне од седмата позиција, додека неговиот колега Карлос Саинц ќе стартува од петто место.

Леклер по квалификациите го обвинил Саинц дека возел премногу бавно во последниот обид за подобро време, по што Шпанецот побара објаснување од колегата.

-Во првиот и вториот дел од квалификациите не бев на ниво, но во третиот дел мислев дека ќе го поправам резултатот. Не знам што се случи во последниот обид, дали лошата комуникација со радиото на Карлос или нешто друго. Се најдов зад него и тоа не беше добро, кажа Леклер.

Треба да знаете
Последни објави