Search

Полицијата ги пронајде Аниса и Мелиса

Двете скопски тинејџерки 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелица К., кои вчера беа пријавени за исчезнати се пронајдени, дознава 24 Инфо.

Двата случаи вчера ги пријавиле татковците на девојчињата.

Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди”, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите, велат од МВР.

Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад.

Повеќе детали во текот на денот.

„ На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“ соопшти вчера МВР.

Претходно таткото на 12-годишното девојче, Енгин, рече дека неговата ќерка Аниса Ајро последен пат била видена вчера утрото на паузата во училишниот ходник. Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Оттогаш на девојката и се губи секаква трага, раскажува таткото.

Треба да знаете
Последни објави