Search

Мицотакис вети дека ќе го доизгради ѕидот долж целата граница со Турција

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, кој е во предизборна кампања, вети дека ќе го продолжи постоечкиот ѕид на границата со Турција за да ја покрие целата должина.

Мицотакис, кој распиша општи избори за 21 мај, претседаваше со церемонијата на потпишување на владината одлука за продолжување на граничниот ѕид, направен од челик, така што ќе стане речиси двојно подолг од денес во текот на следната година.

Ѕидот сега е долг 37,5 километри, а владата планира да му додаде уште 35 километри во следните 12 месеци. До 2026 година ќе следи уште едно проширување од 100 километри, велат владините претставници.

Безбедноста на границите останува истакнато јавно прашање во Грција поради долготрајните спорови со Турција и масовниот барн на мигранти и бегалци кои, кои најмногу поради војните во Сирија се упатија кон Европската унија.

Мицотакис и други официјални лица ги обвинија нивните политички противници од левичарската партија СИРИЗА дека се обидуваат да го поткопаат проектот за продолжување на ѕидот и оти сакаат да ги блокираат напорите на владата да ја финансира изградбата со европски средства.

СИРИЗА ги отфрли тие обвинувања и рече дека тоа е погрешна интерпретација на ставот на грчката опозиција, додавајќи дека Европската комисија веќе ја отпишала можноста за директно финансирање на граничните ѕидови.

Треба да знаете
Последни објави