Search

Лотито бараше 100, ама сега ќе го продава СМС за 40 милиони евра

Српскиот репрезентативец и играч за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ веќе извесно време е на излезната врата од римскиот клуб.


Претседателот на италијанскиот тим Клаудио Лотито кој пред неолку години бараше 100 милиони па 70 милиони евра за својот играч, сега ја речиси ја преполови цифрата кога сфати дека на тој начин може полесно да профитира.

-Или 40 милиони евра или ништо – пренесува „Коријере“ текст во кој се вели дека српскиот репрезентативец може да го напушти клубот за споменатата сума или може да остане до истекот на договорот во јуни 2024 година и да си замине без обештетување.

Како што пренесуваат британските медиуми, Јирген Клоп е заинтересиран да го доведе Србинот во Ливерпул, кој е подготвен да даде 50 милиони евра за СМС, а по намаленото обештетување е прв фаворит да го купи.

Треба да знаете
Последни објави