Search

ДУИ со нова седница на Централното претседателство

Демократската унија за интеграција денеска продолжува со седницата на Централното претседателство која беше почната минатата сабота.

Пред почетокот на седницата, при пристигнувањето во партиското седиште во тетовска Мала Речица, портпаролот Бујар Османи повтори дека денеска ќе има можност за внатрепартиската дебата за прашања околу партиското работење што во јавноста ги наметнаа одредени членови кои се дел од таканаречената „Огнена група“.

– Ќе се разговараа за сите прашања кои останаа неразговарани на претходната седница кои што ќе бидат отворени и покренати од страна на членовите на претседателството. Секое прашање кое што ќе биде покренато од членовите на претседателството ќе може да се разговара, истакна Бујар Османи.

На прашањето на новинарите дали Муса Џафери вчера е разрешен од функцијата прв човек на Надзорниот совет, Османи рече дека денеска ќе се разговара за сите прашања.

Изет Меџити, кој е дел од т.н. „Огнена група“ истакна дека оваа е важна седница за внатрепартиското дејствување.

-Мислам дека е многу важен ден, кога ДУИ треба да ги демонстрира нивните капацитети. Не вчера, имаше разрешувања преку неделата. Верувам ќе се реши денеска конфликтот помеѓу двете групи. По завршувањето на состанокот ќе ве известам, изјави Изет Меџити ДУИ.

Од септември 2022 започнаа превирањата во ДУИ откако т.н. „Огнена група“ побара реформи во партијата. Во октомври се избра и ново претседателство.

Треба да знаете
Последни објави