Search

Украина ќе ги бојкотира меѓународните натпреварувања со руски спортисти

Властите во Киев соопштија денеска дека на украинските спортисти нема да им биде дозволено да учествуваат во квалификациите за Олимписките игри 2024 во Париз доколку на нив мораат да се натпреваруваат против Руси.

Владината одлука е донесена по предлогот на украинскиот министер за спорт Вадим Хутсаит, кој, исто така, е претседател на Олимпискиот комитет на Украина.

„На седницата на Влада е донесена протоколарна одлука на предлог на колегата Хутсаит во квалификациските натпревари да учествуваме само доколку таму нема Руси“, изјави секретарот на Министерскиот совет, Олех Немчинов.

Меѓународниот олимписки комитет издаде во вторникот препорака за постепено враќање на меѓународните натпреварувања на руските и белоруските спортисти под неутрални обележја. 

Треба да знаете
Последни објави