Search

Тело на мигрант прегазен од возило пронајдено кај граничниот премин Долно Блаце

Тело на маж, мигрант без документи удрен од моторно возило, било пронајден вчера на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа вo 23.45 часот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави