Search

Савевски со десет интернационалки во изборот ќе брка место на СП-2023

Селекторот на најдобрата македонска женска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски, го соопшти список со 20 кандидатки кои ќе конкурираат за составот на тимот за претстојниот бараж-двомеч со Украина за пласман на СП 2023 кое ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Данска.

Меѓу кандидатките се најдоа повратничките во националниот тим, Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова, а првпат на списокот на Савевски се Катерина Дамјаноска, Амра Терзиќ, Бојана Диневска и Бојана Коцева. Недостасува Симона Mаџовска која не може да одговори на повикот поради повреда. Во составот од 20 ракометарки десет се интернационалки и десет од домашното првенство.

Собирот е закажан за в понеделник во 12.30 часот.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 8 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, додека реваншот е закажан на неутрален терен во унгарскиот град Кишварда на 11 април со почеток во 17 часот поради руско-украинската војна.

Треба да знаете
Последни објави