Search

Русите и Белорусите добија дозвола за настап на Вимблдон!

Организаторот на третиот сезонски тениски Гренд слем турнир – Вимблдон, донесе одлука да им дозволи на играчите од Русија и Белорусија да бидат дел од натпреварувањето што ќе се одржи оваа година.

“Го прифаќаме пријавите на тенисерите од Русија и Белорусија да бидат дел од турнирот, но под еден услов, тие да учествуваат како неутрални спортисти и да исполнуваат одредени услови”, се вели во официјалното соопштение.

Првиот човек на All England клубот, Иан Хјуит истакна дека ова е тешка одлука, но сепак е решено забраната да се укине.

“И натаму во целост ја осудуваме руската инвазија врз Украина. Даваме целосна поддршка за украинскиот народ”, истакна Хјуит.

Што се однесува до условите кои мора да се исполнат, примарно е тенисерите во ниту еден момент да не даваат поддршка на инвазијата, а ќе им се забрани настап на оние играчи кои имаат финансиска поддршка од владите на Русија и Белорусија.

Откако и официјално е укината забраната за настап на Вимблдон, АТП веднаш реагираше и соопшти дека бодовите освоени на турнирот ќе се пресметуваат при објавувањето на најновите ранг листи.

Треба да знаете
Последни објави