Search

Репрезентативец на Аргентина обвинет за силување на поранешната девојка

Еден од хероите на аргентинската фудбалска репрезентација се соочува со голема животна драма. Гонзало Монтиел, стрелецот на последниот пенал во финалето на Светското првенство против Франција, е обвинет за сексуален напад, кој се случил уште пред четири години.

„Немилиот чин се случил на први јануари 2019 година на роденденската забава на фудбалерот. Неколку луѓе пенетрирале во жртвата и ги чека соочување со правдата и казна. Девојката паднала во бессознание по неколку чашки алкохол, а тоа го искористиле злосторниците“, изјави адвокатката на девојката.

Според таблоидите од Аргентина девојката имала љубовна врска со аргентинскиот фудбалер и по раскинувањето добивала закани од кругот на неговото семејство.

Монтиел игра во Севиља, но во ниту еден момент не се наметна како во периодот кога стана освојувач на Копа Либертадорес со Ривер Плата.

Треба да знаете
Последни објави