Search

Разбиена криминална организација во Грција која криумчарела мигранти и издавала фалсификувани документи

 Во тек е широка акција на грчката полиција со учество на 200 полицајци во три градови за разбивање на криминална организација, која од и кон Грција пренела најмалку 2.200 лица и издала над 8.000 фалсификувани патни исправи.

Од грчката полиција соопштија дека досега се уапсени 36 инволвирани лица во криминалната организација, а идентификувани и уапсени се над 80 странски државјани за кои биле извршени подготвителни активности за нивно заминување од Грција.

Дополнително, откриени се и пет професионално опремени работилници за изработка на фалсификувани документи и лоцирани се десет станови за сместување на странските државјани кои биле подготвени за заминување.

Акцијата на полицијата се води во различни делови на областа Атика, поширокиот дел на Атина, во Солун и областа Илиа на Пелопонез.

Треба да знаете
Последни објави