Search

Курти: Нема да му дозволам на Вучиќ да дојде во Косово

Косовскиот премиер Албин Курти во гостувањето на ТВ Кљан рече дека неговата влада работи на нови признавања на независноста на Косово. Тој потврди дека поради ова неодамна испратил писмо до една земја, која не сакаше да ја открие бидејќи тврди дека „Србија има мрежа на амбасади и странска служба која е помоќна од косовската“.

Зборувајќи за петте членки на ЕУ кои не го признаа Косово, Курти истакна дека во тоа многу помагаат косовските сојузници. Тој додаде дека се уште не им напишал на тие земји барање да ја признаат независноста на Косово.

„Посредниците и сојузничките земји ни помагаат многу и верувам дека е подобро да се оди на овој индиректен начин во однос на напредокот кон добивање признание од ‘петорката’“, рече тој.

„Човек како Вучиќ е непожелен на Косово“

„Тоа едноставно не е во наши раце и не верувам дека би помогнало ако им пишеме веднаш по овој договор. На секој состанок кој го организираме се повикуваме на тоа. Не им пишав лично, но овие се чувствителни прашања за лобирање. Ако ви кажам на кого сум му пишал минатата недела, ќе предизвикам штета бидејќи Србија веднаш ќе им пише на тие земји“, продолжи тој, пренесува порталот „Косово онлајн“.

Тој смета дека новите признавања не зависат целосно од Косово. Најави и дека претседателот на Србија Александар Вучиќ нема да добие дозвола да дојде на Косово доколку тоа го побара. Тој тоа го оправда со тоа дека „човек како Вучиќ, кој го доведува во прашање масакрот во Рачак и го смета за измислица, е непожелна личност на Косово“.

Треба да знаете
Последни објави