Search

Костадиновска-Стојчевска: Општина Охрид го поништила решението за градба на хотелот во Лагадин по службена должност, без аргументи

„Поништувањето на одобрението за градба за хотелот во Лагадин беше по службена должност, без да се искористи никаков аргумент од она што градежната инспекција го утврдила како неправилно во 2017 година” рече министерката за труд и социјална политика Бисера Костадиновска-Стојчевска во вестите на Сител.

Таа додаде дека уште при првото поништување на одобрението за градба можело и требало да се наведе аругменти зошто се поништува.

„Причината која тие ја ставиле е млака и му дава на инвеститорот правен лек, да може да се побуни, дека не известил навреме за почеток на градбата” рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката истакна дека претставниците на УНЕСКО биле известени за ситуацијата со хотелот, дека одлуките на општината, второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски и управниот суд ја довеле статус-кво ситуацијата.

„Јас побарав со барање на информации од јавен карактер да ги добијам сите документи за хотелот и очекувам дека ќе ми бидат испратено. Треба да имаме увид за да видиме зошто Општина Охрид воопшто не постапила по ниту една од 12 препораки од градежниот инспекторат” рече Костадиновска-Стојчевска.

Треба да знаете
Последни објави