Search

Запалени уште три автомобили на Срби од Косово поради регистарски таблички

Косовската полиција денеска по полноќ пријави три возила на косовските Срби со таблички RKS (Република Косово) запалени во северниот дел на земјата, објави весникот „Коха диторе“, повикувајќи се на соопштение на полицијата. Шефот на претседателскиот кабинет на Косово вчера пријави уште две изгорени возила на косовски Срби со косовски регистарски таблички во Зубин Поток.

Според полицијата, два автомобила биле опожарени во градот Северна Митровица и еден во градот Звечан, а не е јасно кои се сторителите на подметнувањето пожар.

„Косовската полиција ќе продолжи да работи на истрага и расветлување на ваквите случаи (на палење автомобили на државјани на косовски Срби со косовски регистарски таблички) и ќе продолжи да обезбедува безбедност за сите граѓани подеднакво“, се вели во полициското соопштение.

Проблемот со регистарските таблички беше една од главните причини за тензиите во односите меѓу Белград и Приштина минатата година.

По поставените барикади на 31 јули, најавата за казни, па дури и одземање на возила со српска регистрација од страна на Приштина, претставниците на преговарачките тимови, со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, постигнаа договор во Брисел на 23 ноември.

Србија се откажа од натамошното издавање на регистарски таблички, а Косово се откажа од мерките како предупредувања или казни за непроменети регистарски таблички.

Треба да знаете
Последни објави