Search

Динамо го продаде голманот Ливаковиќ за 10 милиони евра

По заминувањето од челната позиција на хрватскиот повеќекратен фудбалски првак Динамо Загреб, на легендарниот Здравко Мамиќ, тимот од „Максимир“ стана многу „дарежлив“ и ги продава своите играчи ефтино.

По продажбата на капитенот Аријан Адеми за 1-2 милиони евра, сега Динамо го продаде голманот Доминик Ливаковиќ за 10 милиони евра. Првиот чувар на Динамо и хрватската репрезентација за кого по добрите одбрани на Мундијалот во Катар се шпекулираше дека ќе се пресели кај гиганти од типот на Баерн Минхен, Вилјареал, Ајакс… заминува на печалба во Турција.

Ливаковиќ ќе го чува голот на Галатасарај, каде ќе го замени за легендарниот Фернандо Муслера, кој најавил пензија по завршувањето на сезоната.

Ливаковиќ има договор до 2024 година, па јасно е зошто Динамо сака да го продаде сега на лето. Одличниот голман во моментов на „Максимир“ има плата од 600.000 евра годишно, но во Галатасарај таа сума ќе изнесува повеќе од 1 милион.

Треба да знаете
Последни објави