Search

Путин потпишал указ за пролетна регрутација на 147.000 млади воени обврзници во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпишал указ за пролетна регрутација на воени обврзници со која во перидот од 1 април до 15 јули ќе бидат ангажирани 147.000 млади лица на возраст од 18 до 27 години.

„Да се спроведе регрутација на државјани на Руската Федерација на возраст од 18 до 27 години кои не се во резервниот состав, во поеридот од 1 април до 15 јули 2023 година, во бројка од 147.000 луѓе„ се вели во уредбата што ја пренесе ТАС С.

Во текот на есента во 2022 година вкупно 120.000 луѓе во Русија беа повикани на војна служба, а 134.500 луѓе беа регрутирани минатата пролет.

Во просек околу 130.000 луѓе се регрутираат во секој рок во последните неколку години наведува руската агенција.

Треба да знаете
Последни објави