Search

Предвреме „пензионираниот“ Агуеро сега како коментатор и „стример“во пренос во живо имаше проблеми со срцето

Славниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро кој ја заврши својата професионална кариера предвреме во 2021 година поради здравствени проблеми, моментално е ангажиран како коментатор на неколку аргентински телевизии и „стример“ на Твич.

На Агуеро му беше дијагностицирана аритмија.

Сега и неговите симпатизери имаа можност да бидат сведоци на неговите здравствени проблеми, а една сцена која се случи загрижи многумина. Додека ја вршеше новата работа, Агуеро во еден момент направи кратка пауза и нервозно се фати за градите.

За среќа, сè е во ред со поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Барселона и продолжи со активностите на социјалните мрежи.

 -Мислам дека имав мала аритмија – во момент изјави Агуеро.

Еден од најпознатите шпански стримери, Ибаи Љанос го праша Агуеро дали има потреба од медицинска помош, Уругваецот одговори дека нема потреба.

Агуеро има вграден чип кој го известува за проблем на неговиот мобилен телефон и веднаш кај неговиот лекар доколку нападот е посилен. Агуеро само кажа дека имаше напад на мини-аритмија.

Треба да знаете
Последни објави