Search

Поскапува струјата во Косово

Одборот на директори на косовскиот регулатор за енергетика (РЕК) денеска одлучи од 1 април цената на струјата во Косово да се зголеми за 15,4 отсто. Претседателот на РЕК Имер Фејзулаху изјави дека зголемувањето на цената е неопходно за да се обезбеди 24-часовно снабдување со електрична енергија на Косово.

„Сметаме дека ако немаме стабилно снабдување, трошокот ќе биде многу поголем од ова покачување што е предложено, ова е минимум да имаме 24 часа струја“, рече Фајзулаху.

Новите тарифи, додаде тој, ќе важат до 31 март следната година, под услов да нема барања за дополнително зголемување на цените. 

Треба да знаете
Последни објави