Search

МАТТО ќе гради училиште во Турција, името ќе го носи „Република Северна Македонија“

Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) ќе гради ново училиште на местото на уништеното училиште во провинцијата Малатија погодена од земјотресот. Името на училиштето ќе го носи „Република Северна Македонија“.

Претседателот на МАТТО Ајдоган Адемоски вчера на ифтарската програма организирана од МАТТО ја даде радосната вест за училиштето. Адемоски додаде дека во училиштето ќе има 34 училници и дека паралелките ќе ги носат имињата на градовите од нашата држава.

Адемоски истакна дека „Како МАТТО започнавме иницијатива за изградба на ново училиште наместо уништено училиште во Малатја, едно од провинциите најпогодени од земјотресот. Повикувам на поддршка од сите филантропи овде. Започнавме со училишната зграда. Училиште ќе го носи името Република Северна Македонија и во него ќе има 34 училници, секоја од овие 34 училници ќе ги носи имињата на различни градови од нашата земја. Уште еднаш ќе покажеме дека стоиме покрај братскиот турски народ“.

Треба да знаете
Последни објави