Search

Колку заработи Модриќ во својата играчка кариера ?

Искусниот 37-годишен хрватски фудбалски интернационалец Лука Модриќ кој е на залезот од својата играчка кариера веќе единаесет години настапува за трофејниот шпански клуб Реал Мадрид. Како играч на „кралевите“ Модриќ освои се што може да освои еден фудбал. Има вкупно 22 трофеи. Со најтрофејниот европски првак Реал Мадрид кој има освоено 14 трофеи во елитното клупско натпреаврување, Модриќ пет пати ја „покори „Европа“ и исто толку пати стана шампион на светот. Во Европа осви и четири титули во Супер купот. Во Шпанија освои три пехари од Ла Лига, еден во Купот на кралот и четири трофеи во шпанскиот Супер Куп.

Порталот Capology кој се занимава со платите и заработката на фудбалерите пресмета дека хрватскиот репрезентативец во досегашната кариера заработил 140 милиони евра. Неделната плата сега во Реал Мадрид му е 420.000 евра, што значи околу 22 милиони евра годишно.

Модриќ како младинец својата кариера ја почнува во Задар, од каде се преселува во Динамо Загреб и заминува на калење во Зрињски од Мостар и Интер Запрешиќ, по пшто се изборува за место во сениорскиот тим на „модрите“ од Максимир. Во 2008 година направи трансфер од Динамо во англискиот Тотенхем, од каде во 2012 година се пресели во редовите на “кралскиот“ клуб од Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави